-->
-->
(ФОТО) Рио 2016: Џудистката Николовска несреќно ја загуби борбата со Турчинката Катипоглу
-->
Македонска џудистка Катерина Николовска го заврши својот настап на Олимписките игри во Рио уште по првата борба.
Николовска попладнево настапи во категоријата до 53 килограми, каде во првата елиминациската рунда за противничка ја имаше Бусра Катипоглу од Турција.
Во интересна борба во која македонската репрезентативка беше поактивна сепак пресуди искуството. Во регуларниот дел борбата заврши без освоен поен односно 0-0, но благодарение на грешката на нашата репрезентативка, со казнет „златен поени“ Турчинката беше таа која се пласира во осминафиналето каде ќе се бори со Кларис Агбежино од Франција.
Ова беше дебитантски настап Николовска на ОИ, од која и во иднина се очекуваат врвни резултати, а можеби и ново учество на најголемиот светски спортски настан.
Од нашите претставници утре во водите на олимпискиот базен ќе се појави Марко Блажевски кој ќе плива во квалификациите на трката од 200 метри мешано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта