Форум „Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот“
Во рамки на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ денеска во Скопје ќе се одржи форум на тема „Регулатива на работните односи и пазарот на труд во секторот на информатички и комуникациски технологии (ИКТ).
Целта на настанот е да се адресираат моменталните предизвици поврзани со регулативата на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот.
Меѓународни и домашни експерти ќе презентираат и дискутираат идеи и практики кои веќе се користат во интернационални рамки и кои можат да бидат прилагодени согласно специфичните потреби на ИКТ секторот во Македонија.
Организаторите најавуваат дека на форумот ќе се обратат шефот на мисијата на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, шефот на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива Љубомир Димовски и Анета Антова Пешева, заменик претседател на Управниот одбор на МАСИТ.
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба