Формирано првото доброволно противпожарно друштво – „Пехчевски пожарникари“
Во Пехчево е формирано првото доброволно противпожарно друштво „Пехчевски пожарникари“. За успешно функционирање на друштвото општината донираше возило кое заедно со обезбедената опрема обезбедена од граѓани на Пехчево беа презентирани на плоштадот „Св. Петар и Павле“.
Во доброволното друштво моментално членуваат осум луѓе истакна претседателот на друштвото Дејан Вазлиски, нагласувајќи дека е формирано од причина што во Пехчево нема противпожарна служба, како и за брзо и превентивно дејствување, за да се спречат катастрофални пожари доколку дојде до тоа.
-Официјално постоиме еден месец поточно од 17.06.2022 кога е и регистрирано друштвото, кое во моментот брои осум волонтери и е отворено за секој кој сака да се приклучи. За почеток имаме донација од опрема која се состои од униформи, комбинезони, шлемови, напртњачи, а од општина Пехчево имаме и едно возило за гаснење на шумски пожари, рече Вазлиски.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански истакна дека друштвото со помош на општината ќе делува насекаде во Малешевијата и пошироко, а тимот на волонтери се луѓе кои се запознаени со справување во услови на пожари и други катастрофи.
-Ова се луѓе кои се запознаени со оваа проблематика и кои учествувале во најразлични акции за гаснење и справување со пожари. Интересот е голем и мислам дека во следниот период ќе имаме уште повеќе членови во доброволното друштвото и им посакувам среќа за понатаму и да немаат многу работа, рече Китански.
Доброволното противпожарно друштво досега активно учествуваше во гаснењето на пожарот над селото Митрашинци, каде нивните членови придонесоа за локализирање на неколкудневниот пожар во месноста „Диовица“.
Ново на Сител
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
-
Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори
-
Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта
-
„Скајп“ отиде во историјата