Фон дер Лајен: Во ЕУ против Ковид-19 се вакцинирани над 78 проценти од граѓаните
– Повеќе од 78 отсто од возрасните луѓе во Европската унија се вакцинирани против коронавирус во изминатата година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
– Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против Ковид-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече шефицата на ЕК во видео обраќање.
Според неа, вакцинацијата, вклучително и засилувачката доза на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата на коронавирусот.
– Зголемената брзина на ширење на коронавирусот, особено на варијантата Омикрон, ја прави вакцинацијата уште поважна … Имаме доволно дози за да може секој да се вакцинира и да добие дополнителна доза на вакцина, рече Фон дер Лејен.
Ви ЕУ до сега се одобрени четири вакцини против Ковид-19 – Pfizer / BioNtech, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson. На вонреден состанок на 20 декември, Европската агенција за лекови ја препорача американската вакцина против коронавирусот Новавакс за употреба во ЕУ. Испораките на вакцините ќе започнат на почетокот на 2022 година.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа