Loading Video...
Свет
14. September 2022 - 19:43

Фон дер Лајен: Русија манипулира со пазарот на гас

Урсула Фон дер Лајен ја обвини Русија дека манипулира со цената на гасот, на денешниот говор посветен на енергетската криза. Според неа пазарот на овој енергенс не функционира, и Европа е погодена од криза  поради војната во Украина и санкциите против Москва. Таа ја повика Европската унија да го следи примерот на Европејците кои се прилагодуваат на недостигот на енергија и предложи низа на мерки за ублажување на економскиот удар врз ЕУ. Таа се надева дека ваквите мерки ќе ослободат 140 милијарди евра.

 Фон дер Лејн најави и создавање на наменска група, која ќе размислува за начини за намалување на цената на гасот, преку раздвојување на цените на нуклеарната енергија и обновливите извори на енергија, од цената на гасот.