Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека светот никогаш нема да ги заборави шесте милиони „ладнокрвно убиени Евреи и сите жртви на холокаустот“.
– Додека исчезнуваат последните преживеани, наша должност како Европејци е да се сеќаваме на тие неописливи злосторства и да го почитуваме споменот на жртвите, напиша Урсула фон дер Лајен на X пред денешното одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
– Антисемитизмот повторно се појавува во Европа. Потребата за борба против ова зло, онлајн и вон интернет, никогаш не била поголема, додаде претседателката на ЕК.
Според неа, историјата на Евреите е „неразделна од историјата на Европа“. – Ние сме решени не само да го заштитиме, туку и да го славиме еврејскиот живот во Европа, додаде таа.
Аушвиц-Биркенау стана симбол на геноцидот извршен од нацистичка Германија врз шест милиони европски Евреи, од кои еден милион загинаа таму, помеѓу 1940 и 1945 година, заедно со повеќе од 100,000 луѓе од нееврејско потекло.
Ново на Сител
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница
-
Дамева и Чачарова Илиевска од Судскиот совет ги разгледуваат интерпелациите и ќе се изјаснат со свој став за нив
-
ЗНАМ за патните трошоци: Досега не сме наплаќале, ќе ги игнорираме сите предлози на Левица чија единствена цел е популизам
-
Дрогата ја чувал под седиште во мотор, уапсен 24 годишник во Карпош
-
Брнабиќ: Наскоро ќе има предлог за измена на Законот за високо образование
-
Британија се стреми да застане на чело на НАТО во Европа
-
ФБИ пронајде нови документи за атентатот на Кенеди по наредбата на Трамп за нивно објавување
-
Усмртен пешак на магистралниот пат Гостивар-Кичево