Фон дер Лајен најави Акциски план за поддршка на европската автомобилска индустрија
Сега е време за акција насочена кон голем број приоритети и за таа цел на 5 март ќе претставиме Акциски план за поддршка на автомобилскиот сектор во ЕУ, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на вториот состанок во рамки на Стратешкиот дијалог за иднината на европската автомобилска индустрија.
Таа нагласи дека во услови на жестока глобална конкуренција, европската автомобилска индустрија мора да вложи дополнителни напори во инвестициите, пред се во сферите поврзани со развојот на заеднички софтвери, чипови и технологија за автономно управување со возилата.
– Целта е многу едноставна. Мораме побрзо да дојдеме до автономни возила на патиштата во Европа, нагласи Фон дер Лајен.
Но, според неа, автомобилскиот сектор мора да работи и на транзицијата кон чиста индустрија и остварување на целите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
– Треба да се држиме до договорените цели, но од друга страна, треба да ги слушаме и гласовите на засегнатите страни, кои бараат повеќе прагматизам во овие тешки времиња и технолошка неутралност.
За да го решиме ова на избалансиран начин, овој месец ќе предложам фокусирана измена на Регулативата за стандарди за јаглерод диоксид, најави Фон дер Лајен, изразувајќи надеж дека Европскиот парламент и Советот на ЕУ брзо ќе се усогласат околу овие измени.
Паралелно со ова, според претседателката на ЕК, мора да се води сметка и за конкурентноста и да се обезбеди европската индустрија да стане помоќна и поотпорна, за да се избегне опасноста од создавање на зависност од трети земји, како на пример при увозот на електрични акумулатори.
– Ќе разгледаме директна поддршка за производителите на акумулатори во ЕУ. Постепено ќе воведуваме европски барања за содржината на ќелиите и компонентите на акумулаторите, додаде Фон дер Лајен.
Таа најави дека паралелно со овие мерки ЕК ќе се насочи и кон намалуваме на бирократијата и дека ќе продолжи регулаторното поедноставување во рамките на ЕУ.
– Ќе продолжиме да се ангажираме и ќе ги продолжиме работните средби со комесарите.
Се договоривме повторно да се сретнеме на ниво на извршни директори пред летните одмори, додаде Фон дер Лајен по денешниот вториот состанок во рамки на Стратешкиот дијалог за иднината на европската автомобилска индустрија.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени