Фон дер Лајен: Ја сакаме Украина во ЕУ
Европската унија сака да ја види Украина и тоа ќе се случи со тек на време, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за Еуроњуз.
– Ако ги погледнете бегалците кои се прифатени во Европската унија, финансиската поддршка и сега снабдувањето со воена опрема, сето ова покажува длабока солидарност со Украина. Тие ги споделуваат нашите вредности. Тие ги бранат нашите принципи. Украинците сакаат да живеат во мирна демократија, а Русија ги напаѓа. Затоа тие ја заслужуваат нашата целосна солидарност и ја имаат, рече Фон дер Лајен.
Претседателката на Европската комисија истакна дека Европската унија воведе серија остри финансиски и економски санкции против Русија, зелено светло за испорака на оружје за Украина и ги забрани руските пропагандни канали „Русија денес“ и „Спутник“.
Покрај тоа, ЕУ исто така ги проширува санкциите против Белорусија, додаде таа.
Ново на Сител
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија