Фудбал
6. October 2015 - 8:53

Фоменко: Ако победиме во Скопје ќе одиме на ЕП?

Репрезентацијата на Украина во петок во 20.45 часот ќе истрча на Филип Втори на квалификациска пресметка со нашата селекција. 

За Украинците мошне важен дуел бидејќи со победа им се отвора шанса како најдобра третопласирана селекција да отпатуваат директно во Франција. 
Селекторот Фоменко е свесен за значењето на мечот во Скопје:
„Би сакале да одиме на ЕП. Постои можност, па зошто да не ја искористиме? Ако ја победиме Македонија дополнително ќе си ја зголемиме шансата да одиме на еврособирот, затоа што ќе имаме максимален учинок и воедно ќе ја подобриме разликата во однос на другите селекции кои се борат за тоа трето место. Постои шанса, ќе одлучуваат нијанси. Ќе биде добро да одиме на ЕП, но не зависи сѐ само од нас...“, изјави  Фоменко.