Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци најуспешна група на „Илинденски денови“
Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци е прогласен за најуспешна фолклорна група која на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола презентираше традиционална музика и игра.
На синоќешното свечено затворање на фестивалот што се одржа во археолошкиот локалитет Хераклеа, стручното жири соопшти дека за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра е прогласена КУД „Пензионер“ од Прилеп, за најуспешна вокална групна изведба награда доби КУД „Јане Сандански“ од Неготино, за најуспешен изворен оркестар прогласен е Ансамблот „Тримери“ од Струмица, додека посебна награда за најуспешна соло вокална изведба награда доби Миливој Миладиновски член на КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод.
Во чест на наградените, во амфитеатарот на археолошкиот локалитет Хераклеа целовечерен концерт одржаа македонскиот гитарист Влатко Стефановски и американскиот гитарист од српско потекло Мирослав Тадиќ.
Годинава на 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ настапија над 1.000 учесници, членови на културно уметнички друштва, фолклорни групи и ансамбли од три континенти во Светот чиј домаќин беше НУ Центар за култура-Битола.
Ново на Сител
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот