Флорида забрани строги барања за вакцинација во училиштата и деловните субјекти
Флорида им забрани на училиштата и бизнисите да бараат вакцинација против Ковид-19 и започна со подготовки за можно повлекување на државата од федералната агенција која ја штити безбедноста на работното место.
Гувернерот Рон Десантис, десничарски републиканец за кој се верува дека ќе се кандидира за претседател, ги потпиша новите закони.
„Сакаме да обезбедиме луѓето да имаат право да заработуваат за живот, право на заштита на работното место и родителите да бидат заштитени во нивното право да го водат воспитувањето на своите деца“, наведе Десантис.
Законите беа усвоени на специјална тридневна седница на законодавнотро собрание на Флорида, во кој доминираат републиканците. Таа беше свикан од Десантис за да се спречи спроведувањето на барањата за вакцинација воведени од федералната влада, како и од приватните работодавци и училишните одбори. Законодавниот државен орган на Флорида му нареди на гувернерот да развие план за формирање државна агенција за заштита на работниците, која ќе ги преземе овластувањата на федералната агенција за безбедност и здравје при работа.
Флорида е една од неколкуте конзервативни држави кои поднесоа тужба против федералната агенција за да ја спречат да го спроведе барањето за вакцинација наметнато од администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Околу 61.000 луѓе починаа од Ковид-19 на Флорида, третата по големина држава во САД.
Ново на Сител
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница