Флорида понуди да биде домаќин на Олимпијадата 2020 година наместо Токио
Шефот на финансискиот оддел на американската држава Флорида, Џими Патронис, предложил неговата земја а биде домаќин на Олимписките игри 2020 година, информира „thecapitolist.com“.
Тој испрати писмо до шефот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, во кое ја објави својата иницијатива.
Патронис истакна дека Флорида има се што е потребно за да биде домаќин на Игрите. Во исто време, епидемиолошката состојба е доста добра – за време на пандемијата, дозволени се спортски настани во државата.
За потсетување, неодамна се зборуваше дека Јапонија, поради пандемијата, може да с еоткаже од организација на Олимписките игри, кои веќе беа одложени од 2020 до 2021 година, поради коронавирусот. Земјата веќе ги разгледува опциите за одржување на натпревари со ограничени или без гледачи.
Јапонските власти и организацискиот комитет ја изјавуваат својата цврста намера да ги одржат Олимписките игри според закажаното.
Сепак, според неодамнешното телефонско истражување на Кјодо, до 80 проценти од жителите на Јапонија сакаат Олимписките и Параолимписките игри во 2021 година да бидат откажани или одложени. 35,3 проценти од анкетираните се изјаснија за откажување на Игрите, а 44,8 проценти изјавија дека на Токио му треба уште едно одложување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката