Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу
Тренерот на Барселона Ханси Флик го критикуваше својот тим за играта во одбрана на синоќешното реми со Атлетико (4:4) во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Шпанија
- Треба да работиме на подобрување на дефанзивата. Одигравме одличен натпревар, но примивме четири гола, што е премногу. Нашиот однос и менталитет беа одлични откако примивме два гола на стартот, но треба да работиме на малите детали. Сите тимови се обидуваат да најдат решенија и да направат различни работи. Силни сме и по посед, но Атлетико има фантастичен тим. Добро се браневме 75 минути и потоа не успеавме. Четвртиот гол што го примивме ми изгледаше неверојатен, ќе мора да разговараме. За мене е важно да знам дека тимот е самоуверен, особено ако се земе предвид колку се млади играчите. Тоа ми дава самодоверба за иднината. Тажен сум и вознемирен од последните десет минути. Задоволен сум со 95 проценти од она што го видов, но не и со останатите пет. Затоа треба да работиме, ги цитира AS зборовите на Флик.
Реваншот ќе се одигра на 2 април во Мадрид.
Во другото полуфинале ќе играат Реал Сосиедад и Реал Мадрид.
Ново на Сител
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија