ФЛЕКС КРЕДИТ потпиша договор за спонзорство со кошаркарскиот клуб ТФТ - Скопје
Финансиското друштво Флекс Кредит се цели кон константно поддржување на спортот и спортската култура во земјата преку постојано спонзорирање на спортски клубови и настани во целата држава, а не помалку важна улога има и во поддржувањето проекти од голема важност за развој на граѓанските вредности во општеството. Преку своите различни и повеќенасочни активности како спонзор, компанијата цели кон јакнење на општествениот ентузијазaм, на тој начин постојано надоградувајќи ја својата позиција на одговорен општествен чинител.
Флекс Кредит веќе некое време е еден од двата главни спонзори на КК ТФТ Скопје и генерален спонзор на младинскиот клуб ТФТ, кошаркарски клуб од Тафталиџе кој иако е релативно нов клуб, бележи одлични резултати во Македонската кошарка. Веќе минатата сезона го освоија и првиот трофеј, откако во финалето на Купот каде што го подебија и големиот шампион МЗТ Скопје. Клубот се натпреварува во АБА2 лигата, минатата сезона беше дел од проектот на БИБЛ, додека летово играше и квалификации за ФИБА Лигата на шампионите.
“Нашата компанија и покрај многубројните предизвици со кои успешно се справивме, брзиот раст и развој кој го имаше измнинатата година, не ги заобиколи и спортот и спортските настани со кои остваривме успешна и долгорочна соработка. Спонзорствата и донациите како на места каде што е најпотребно, така и во спортските субјекти се многу важен сегмент за нас и во целост ја разбираме потребата да се биде помагател на клубови и индивидуалци со цел да се подигне нивото на нивната работа и обезбедување услови за постигнување на најдобри резултати, Како општетвено одговорна институција, нашите планови се да продолжиме со поддршката на младите таленти и нивниот развој.“ – велат од Флекс Кредит.
Ново на Сител
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи