Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
Втора година по ред специјализираниот портал за вработување - vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата ,,Работодавач на годината’’, манифестација на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурски за годината.
Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.
Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.
Работобарателите пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој,
2023 година ја започнавме со нашата стратегија за ,,Employer Branding’’ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на ,,Работодавач кој претставува прв избор при вработување’’.
Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.
Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства - изјави Лилјана Бојковска - Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.
Комерцијален текстНово на Сител
-
Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства
-
Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил
-
Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
-
Продолжи собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
Второто злато на ОИ 2024 за Кина
-
На „Богородица“ и „Табановце“ зголемен интензитет на сообраќај
-
СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица
-
Унгарија го зема најголемиот кредит досега од Кина – Позајмица од милијарда евра