Фудбал
28. August 2017 - 17:05

ФК Вардар се засили со Марковиќ

Денеска Фудбалскиот клуб Вардар доби уште едно засилување во своите редови. Српскиот интернационалец Вања Марковиќ стана наш член, и потпиша договор на две години со „црвено-црните“. Марковиќ доаѓа од полскиот тим Корона Киелце, и го засилува средниот ред на нашиот шампион.
 
„Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека во последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. Тимот редовно во квалификациите за Лигата на шампионите, и ова за мене беше понуда која не се одбива. Клубот има голема историја, и можам да кажам дека на Балканот е еден од најголемите клубови“, изјави Марковиќ.
 
Марковиќ во новиот клуб очекува успех и добри во Лигата на Европа, а во шампионатот одбрана на шампионската титула.
 
„Пласманот во групите од Лигата на Европа е голем успех за клубот и за самата држава, но верувам дека и таму Вардар ќе се претстави во добро светло. Со победите над Фенербахче видовме дека ништо не е невозможно. Ја следев екипата на тие два натпревари и видов дека Вардар е одлична екипа која има одлични играчи во своите редови. Тактички беше перфектно што значи дека и шефот на стручниот штаб Јаневски имал голем придонес, и мене ми е драго што ќе соработувам со него и со овие играчи. Сега имам три недели да се подготвам за првиот натпревар, јас се надевам дека брзо ќе се вклопам во новата средина и на секој тренинг и на секој меч ќе давам се од себе да ја оправдам довербата, и дека тимот ќе бележи само успеси“, вели Марковиќ.