Фудбал
3. February 2019 - 18:08

ФК Силекс се засили со француски интернационалец

Македонскиот прволигаш Силекс ангажира фудбалер од Франција за продолжението од првенството.

  Чарлс Кофи Аколатсе доаѓа од романското првенство, а настапуваше во француските клубови Пур-сур-Вие, Хербиер и Ван. Роден е во Париз  и ќе игра на позицијата последен играч за врска откако потпиша договор на 18 месеци со кратовскиот тим.  Аколатсе треба да го засили Силекс по заминувањето на Мбела и Парфе.

Фудбалерите на Силекс се наоѓаат во Охрид, каде ќе одиграат три пријателски средби. Веќе утре кратоовчани ќе ги одмерат силите со албанска Корча, в среда следува дуел со Струга Трим Љум, а следната сабота им следи дуел кичевскиот второлигаш Влазерими.