Loading Video...
Фудбал
27. January 2021 - 20:11

ФК Борец останува без спонзор, играчите слободни?!

Неизвесна пролет го очекува македонскиот клупски фудбал во годината кога македонската репрезентација го постигна најголемиот успех со пласманот на ЕП. 
По Вардар уште еден клуб останува без спонзор тоа е велешки Борец кој од денеска останува без поддршка од компанијата Брако. 
Оваа вест на вонредна седница на УО на Борец ја соопштил бизнисменот Кочо Анѓушев кој како причина го навел незадоволството од односот на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес, но и на федерацијата.
Дополнителен удар за клубот е што по состанокот сите фудбалери добиле исписници без обештетување што значи можат да си бираат нови клубови што дополнително би ја ослабнало екипата која под раководството на Анѓушев  се врати во Првата лига и ја засили конкуренцијата. 
Појасна слика за состојбите и иднината на ФК Борец се очекува да се добие наредните денови.