-->
-->
ФК Барселона: Туран и Видал со право на настап
-->
Фудбалскиот клуб Барселона, во понеделникот, ги регистрираше Арда Туран и Алеш Видал, кои во летниот преоден рок пристигнаа на „Ноу Камп“, но поради суспензијата на ФИФА, каталонскиот клуб тие немаа право на настап во првиот дел од сезоната.
Заедно со Арда Туран и Видал, Барселона, во сите категории регистрираше вкупно 77 фудбалери.
Од каталонскиот клуб открија дека Арда Туран ќе го носи бројот 7 на својот грб, кој до заминувањето во Челзи го носеше Педро, а во минатото го носеле Луис Фиго, Хенрик Ларсон и Давид Виља. Видал го одбра бројот 22, кој го носеше и во Севилја, а минатата сезона овој број беше во сопственост на Дани Алвеш, кој од почит кон Чави Ернандес, оваа сезона го носи бројот 6.
Засилувањата Туран и Видал би можеле да дебитираат за Барселона в среда, во натпреварот од домашниот Куп, против Еспањол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција