Loading Video...
Спорт плус
15. September 2019 - 18:14

Фјури се „намачи“ против Валин

Британскиот боксер Тајсон Фјури преживеа незгоден удар по кој му пукна аркадата на почетокот од мечот против Ото Валин од Шведска и на крајот сепак славеше со едногласна одлука на судиите.

Мечот се одржа во Лас Вегас  а најтешка за Британецот беше третата рунда кога ја доби повредата па во следната рунда мораше да се бори со проблемите.

„Беше тоа одлична борба. Поголемиот дел од времето не гледав ништо на десното око но сепак го победив Валин кој досега беше без пораз. Сепак сум подобар рече Фјури кој го најави следниот меч против Деонтеј Вајлдер со кој ќе боксува во март следната година како римејк на мечот од минатиот декември кој заврши без победник.