Свет
9. March 2016 - 8:55

Финска: Зголемена радиоактивност во Хелсинки

Финските власти истражуваат мистериозен „многу необичен“ скок на нивото на концентрација на радиоактивен цезиум-137 регистриран над Хелсинки.

Финската државна агенција за нуклеарна безбедност, СТУК соопшти дека минатонеделната зголемена радиоактивност не била опасна за здравјето на луѓето, но без оглед на тоа одлучни се да го откријат причинителот.

– Тоа што е регистрирано е многу необично, но од перспектива на нуклеарна безбедност тоа ниво на цезиум не остава никакви траги црз човечкото здравје, вели Тарја Икахеимонен која е шеф на оддел за следење радијација во СТУК.

Таа вели дека на 3 и 4 март имало 4.000 микробекерели радиоактивен изотоп цезиум-137 во кубен метар воздух, што е илјада пати повеќе отколку вообичаена концентрација. Ден подоцна на 5 март нивото на цезиум се вратило на 12 микробекерели по кубен метар воздух.