Loading Video...
Свет
12. May 2022 - 12:31

Финска потврди дека ќе аплицира за членство во НАТО

Финска мора да аплицира за членство во НАТО, без никакво одлагање гласи заедничката порака на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин. Со ова се остварија најавите дека и оваа скандинавска земја ќе се приклучи кон воената Алијанса, како резултат на војната во Украина и стравот од Русија.

Членството во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска. Како членка на НАТО, Финска ќе го зајакне целиот одбранбен сојуз. Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање. Се надеваме дека националните чекори кои се уште се потребни за да се донесе оваа одлука ќе бидат преземени брзо во следните неколку дена, се вели во заедничката изјава на претседателот и премиерката.

Следниот чекор треба да го преземе финскиот Парламент кој и официјално треба да даде зелено светло за почеток на преговорите. Последните акети покажаа дека дури 76 проценти од Финците се за приклучување кон НАТО.

Викендов се очекува и Шведска да го соопшти својот став дали е за членство во Алијансата, откако властите во Стокхолм изминативе неколку дена беа подоелени по ова прашање. Денеска МНР на оваа земја Анала Линдена ТВИТЕР напиша дека одлуката на Финска е важна порака и најави дека и Шведска следната недела најверојатно ќе поднесе барање за членство.

Претходно, превиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека доколку решат, двете земји ќе бидат примени во организацијата по брза постапка.

По ваквата одлука на властите во Хелсински веднаш реагираше и Русија.  Поранешниот претседател и актуелен заменик претседател на рускиот совет за безбеднсот Димитри Медведев истакна дека проширувањето на НАТО може да води кон конфликт кој би имал катастрофални последици.

Пумпањето на Украина со оружје од страна на земјите на НАТО, обуката на нејзините војници да користат западна опрема, испраќањето платеници и спроведувањето вежби од земјите на Алијансата во близина на нашите граници, ја зголемуваат веројатноста за директен и отворен конфликт помеѓу НАТО и Русија наместо нивната „војна преку трета страна. Таквиот конфликт секогаш има ризик да се претвори во полноправна нуклеарна војна. Ова ќе биде катастрофално сценарио за сите, напиша Медведев на Телеграм.

Инаку воените дејствија во Укрина траат веќе два ипол месеци, а последниве денови жестоки борби се водат на Југоистокот на Украина, и во челичарницата Азовстал во Мариупол.