Финишира изградбата на „Пазарска патека“ во Крива Паланка
Активностите за изградба на т.н. „Пазарска патека“ во кејот на Крива Река се во завршна фаза. Патеката се протега од главниот влез на градскиот пазар до мостот во центарот на градот крај градскиот парк.
- Патеката се гради на барање на граѓаните, со нејзината изградба ќе се намали метежот на главната улица, ќе се зголеми безбедноста на пешаците, особено во сабота, кога е пазарен ден, а и веќе се создаде ново пријатно катче за рекреација во самиот кеј на реката. Исто така, просторот во овој дел од коритото на Крива Река хортикултурно се уредува и го разубавува градот, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Патеката е широка околу два метри, се наоѓа во мајор-коритото на реката со средства обебедени од буџетот на општината во висина од 750.000 денари. Изградена е од камени плочи и е со вкупна должина од 275 метри.
- Изградбата на пазарската патека претставува континуитет на досега превземените активности за уредување на речното корито на Крива Река. Изградено е минор корито на Крива Река во должина од околу 500 метри и уреден е вливот на Дурачка Река во Крива Река, а на деснито брег на Крива Река беше изградена и ролерско-велосипедска патека, додаде Алексовски.
Останува да бидат доуредени скалите за пристап до патеката и да се постави урбана опрема долж истата.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор