ФинХакатон 2 за изготвување иновативна маркетинг стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“
Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој организираат ФинХакатон 2 чија цел е изготвување иновативна маркетинг стратегија за наградна игра „МојДДВ,#МојаНаграда“.
На презентацијата е најавено обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.
ФинХакатон 2: „МојДДВ, #МојаНаграда“ е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании што може да понудат иновативна маркетинг стратегија.
Со цел поддршка на младите, заинтересираните компании во својот тим ќе треба да вклучат и студенти со запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, технички науки, дизајн, односи со јавност или сродни студии.
Наградната игра почнува следниот месец, а учествуваат сите кои скенираат фискални сметки, а наградите се парични.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!