Finance Thnik: Фокусот да биде ставен на економијата и заживување на растот
Економскиот раст од само 0,1 процент во првиот квартал од годинава според Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ се должи на тоа што минатата година економијата во целост била ставена во заден план.
Оттаму посочуваат дека на позитивната страна, извозот продолжува да расте со слично темпо како и претходно, главно воден од активностите во економските зони, додека на негативната страна, падот кај бруто инвестициите продолжува да биде значаен (-9 проценти), додека падот во градежништвото е рекорден досега (-37.2 проценти).
- Особено е загрижувачки што раст нема во првиот квартал годинава, дури и при многу ниска споредбена основа од 2017 година (кога растот изнесуваше 0 отсто), велат од „Finance Think“.
Главните двигатели на отсуство на растот, како што наведуваат, се запирањето или забавувањето на важните инфракструктурни проекти и забавеноста во реализацијата на странските инвестиции.
- Дополнително загрижува растот на потрошувачката на домаќинствата (2.3%), во услови на пораст на платата кај сегменти од населението кои се повеќе склони кон потрошувачка, посочува „Finance Think“.
И покрај ваквите движења кај БДП, стапката на невработеност бележи понатамошно намалување и тоа според „Finance Think“ се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики односно вработувањата во странските фабрики и активните мерки за вработување.
Од „Finance Think“ сметаат дека сега од кога било претходно е потребен владин фокус врз економијата и повторно зажувување на растот. Фокусот, како што наведуваат, мора да биде ставен врз тоа како да се креира нова вредност во економија, главно преку мерки за поттикнување на домашните и странските инвестиции и извозот.
Ново на Сител
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините
-
Шест нови сензори ќе го мерат загадувањето во Струмица
-
Црвен Крст Охрид почна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода
-
Голем дефект на прилепскиот хидросистем го остави полето без вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Вајц е победа за македонската дипломатија