Финализиран Договорот од Пржино
Лидерската средба помеѓу ВМРО -ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, која почна вчера попладне за Договорот од Пржино заврши со успех. Избори ќе има на 24 април, усогласен е Законот за Влада, изборниот закон, законот за „свиркачите“, закон за заштита на приватноста, а договорени се и новите министри и заменици од редовите на опозицијата.
По средбата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски изрази задоволство од договореното и рече дека нивна стратешка цел била избори да има на 24 април.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата рече дека е постигнат договор кој денеска треба да биде формално правно легализиран во закон во влада во кој се дефинираат надлежностите на замениците.
Според договореното министер за внатрешни работи треба да биде Оливер Спасовски, за труд и социјална политика Фросина Ременски, додека за заменици договорено е во информатичко општество да биде Александар Кирацовски, во финансии Кире Наумов и во земјоделство, шумарство и водостопанство Љупло Николовски.
Договореното на лидерската средба денеска ќе биде разгледано на партиските работни групи.
Ново на Сител
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот
-
Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
-
Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки
-
Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
-
Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација