Македонија
23. August 2021 - 16:36

Филмско исчезнување на затвореник од прилепскиот затвор

Филмско бегство се случило вчера околу 12.30 часот од затворот во Прилеп. Според првичните и неофицијални информации до кои дојдовме 36 гостиварчанец осуден на 20 години затвор поради тешки кражби избегал во моментот додека на посета му биле неговата сопруга и неговата мајка. Кога завршила посетата затворските службеници забележале дека во посебната просторија за средби се наоѓаат само двете жени, а затвореникот го нема. Веднаш е започната потрага по затвореникот, но безуспешно. Од затворот засега не официјална информација за целиот случај.

Она што неофицијалмно го дознаваме е тоа дека засега нема индиции дека во бегството се вмешани и лица од затворот или надворешни лица, но веднаш била на направена и внатрешна истрага. Известени биле околните полициски станици, Управата за извршување на санкции и Јавното обвинителство.

Она што е уште посомнително е тоа што бегството не е забележано ниту од безбедносните камери во затворот ниту од затворската полиција и навистина не е јасно како затвореникот успеал да излези надвор од високите ѕидови на затворот.

Сопругата и мајката на затвореникот се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Од МВР велат дека кај нив е пријавен таков настан и дека во моментов се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое е во бегство.

Исто така според првичните и неофицијални информации согласно законските прописи и мерки можно било превземање на соодветни активности за дисциплински мерки против  дежурните затворски полицајци кои биле задолжени за посетата на затвореникот.