Филмот „Ругање за Христос“ од утре слободно ќе се прикажува
Државниот правобранител на Република Македонија утре ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување на филмот „Ругање со Христос".
Како што соопштија од Државното правобранителство за МИА, решението е донесено по направи дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.
- Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија, наведуваат од Државното правобранителство.
Ново на Сител
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка