Филмот „Име си е име“ на YouTube
Документарниот филм „Име си е име“ кој се однесува за македонскиот народ и Република Македонија и за тоа што значи името за идентитетот на Македонците од денеска е достапен на YouTube, соопшти Фондација „Со Македонија“.
Филмот досега беше прикажан во повеќе од 30 градови во светот вклучувајќи ги Австралија, Северна Америка и Европа, како и кај нас за македонската публика. Филмот „Име си е име“ е достапен You Tube канал: WithMacedonia со превод на македонски и англиски јазик.
Филмот „Име си е име“ кој е снимен во 2008 година е документарен филм за една нација која е заложник поради сопственото име. Снимен како класичен „патеписен филм" тој е реализиран во меѓународна соработка со режисер од Исланд, американски продуцент, наратор од Британија и музика од меѓународни и македонски поп ѕвезди вклучувајќи го и Норвежанецот Мортен Харкет од групата А-ха.
Режијата е на Сигурјон Еинарсон, нарација Сер Ендру Моушн , продуцент е Џејсон Мико, копродуцент Александар Билбилов а продуцент „3D“ од Македонија. Музиката во филмот е од повеќе автори меѓу кои Мортен Харкет, Еарт Афер, Сигур Рос, Мум, Кирил Џајковски, Греам Неш, Тоше Проески и Монте-Негро.
Ново на Сител
-
Тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол се приведени
-
Најмалку 37 загинати во вооружени судири меѓу Друзи и бедуини во сирискиот град Сведа
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари