Филков: Правосудниот систем мора да се реформира, дебатите стартуваат следниот месец
Правосудниот систем ќе претрпи сериозни реформи без разлика колку процесот ќе биде болен и тежок. Министерот за правда не се откажува од идејата дека овој сектор мора да ја врати изгубената доверба кај граѓаните. Најавува дека следниот месец ќе почнат јавни дебати за законските измени, во кои имплементирани ќе бидат препораки и од домашниот и од меѓународните експерти.
Но, не секогаш е проблемот во законскиот текст, туку во непочитување, односно спроведување на истиот во пракса. Само со обезбедување на независноста и непристрасноста на ова тело ќе успееме да го вратиме легитимитетот, професионалноста и интегритетот на Судскиот совет, којшто треба да претставува пример и да ужива доверба од фелата. Судскиот совет мора да се докаже како стручно тело, кое ќе биде составено од лица со потврдено правничко искуство, а за кои не смее да има сомнеж за нестручност или било какво политичко влијание, истакна министерот за правда Филков.
Судскиот совет веќе има иплементирано 17 од вкупно 40-те препораки на оценската мисија на Европската унија, кои директно се однесуваат на работата на советот. Останатите се работа на извршната и законодавната власт.
Со гордост можам да изјавам дека голем дел од тие препораки се имплементирани, а останатите се на пат да бидат имплементирани и нивната имплементација зависи исклучиво од создадената ситуација, на пример избори и унапредување на судии во повисок суд, обезбедување на финансиски средства од страна на министерството за финансии, за целосно спроведување на комуникациската стратегија и други активности, потребата од човечки ресурси, а непосрен е фактот дека сите согласности се одбиени. Но се надевам дека наредниот период ќе има разбирање во однос на овие основни цели, вели Дамева, претседателка на Судскиот совет
Како да се обезбеди независно судство денеска беше тема и на дебатат која ја организираше Институтот за човекови права со финансиска поддршка од Европската унија, каде на иста маса седнаа судии од цела држава, меѓународни организации и невладиниот сектор.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар