-->
-->
Филипините бараат помош од САД и од Кина во борбата против пиратите
-->
Филипините бараат помош од САД и Кина за да заштитат важна морска рута од исламски екстремисти кои веќе почнаа да напаѓат и меѓународни бродови во близина на јужното крајбрежје на островската држава, соопштија денеска филипинските власти.
- Манила има намера од својот долгогодишен сојузник во одбраната, САД, да побара заеднички вежби во водите крај јужниот брег на Филипините, со цел - тој проблем да се реши. Манила има намера и да се обрати до Министерството за одбрана на Кина во врска со заедничката патрола кај јужниот филипински брег, изјави филипинскиот министер за одбрана, Делфин Лоренцано.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте минатата недела ги повика кинеските власти да испратат своја патрола во водите каде се движат пиратите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”