Филипче: Земјите од Западен Балкан да воспостават подобра координација за справување со Ковид
Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот бугарски колега Костадин Ангелов денеска преку видеоконференциска врска копретседаваа со состанокот на министри за здравство во рамки на Берлинскиот процес, кој годинава за првпат на агендата го вклучува секторот здравство.
– Тема на дискусија на министерскиот состанок беше здравствениот одговор во услови на Ковид-19 во регионот и пошироко, како и координиран пристап за слободно движење на луѓе, стоки и услуги, притоа држејќи ја епидемиската состојба под контрола, соопштија од Министерството за здравство.
На министерскиот состанок, покрај министерот Филипче, во Владата биле присутни и германската амбасадорка Анке Холштајн, претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски и членот на Комисијата Сузана Маневска.
Во дискусијата биле вклучени и претставници од Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија и Полска. Свои вклучувања имале и претставникот на ЕУ – советник за здравство и управување со кризи Изабел Де ла Мата, регионалниот директор на Светската организација на Европа, Ханс Клуге, проф. д-р Јоана Ханефелд од Центарот за меѓународна здравствена заштита, Robert Koch Институт, д-р Андреа Аман директор на Европски центар за превенција и контрола на болести и д-р Мира Јовановски Дашиќ од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN).
Филипче се заблагодарил за поддршката од сите компании, амбасади, земјите од Европската Унија кои дадоа помош во медицинска заштита, но и средства за зајакнување на здравствениот систем во услови на Ковид. Тој ги информирал учесниците за поддршката и четирите пакет мерки од Владата за помош на граѓаните и компаниите и објаснил како функционира здравствениот систем во услови на Ковид.
– Здравствениот систем од почетокот на кризата е целосно реорганизиран. Во инфективните одделенија каде се третираат пациенти со Ковид-19 работат доктори и медицински сестри по систем на ротација. Секаде во регионот, Европа и светот, бројот на новозаразни и хоспитализирани се зголемува. Се надевам дека резултатот од овој состанок ќе биде воспоставување на систем на подобра размена на искуствата во однос на пандемијата предизвикана од коронавирусот заедно со земјите во регионот. Исклучително е важно со земјите од Западен Балкан да воспоставиме подобра координација со цел поуспешно справување со ковид кризата, потенцирал Филипче.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“