Филипче: Вакцинацијата за сезонски грип и за Ковид може да биде и истовремено
Вакцинацијата за сезонски грип и за Ковид, без разлика дали е прва, ревакцина или е трета доза може да биде и истовремено. Ако пак има временска разлика, нема никаква врска колку е временската дистанца, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Вакцинирањето за сезонски грип, Филипче посочи, дека се одвива во центрите за јавно здравје и делови на здравствени домови, нагласувајќи дека станува збор за различни пунктови за вакцинација од сезонски грип и за Ковид вакцинација.
– Во таа смисла, денеска се отворени 4.300 термини во 18 пунктови ширум државата. Со оваа динамика, очекувам дека за десетина дена ќе заврши целокупниот процес на вакцинација, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море