Филипче: Вакцинацијата со Спутник ќе почне следната недела, здравствениот систем е спремен и за оваа вакцина
Во вчерашното гостување на Сител ТВ во Дневникот, министерот за здравство Венко Филипче најави дека во недела се очекува да пристигнат првите количини од вакцината Спутник Б. Оваа вакцина се чува на температура од -18 до -20 степени, за што нашиот здравствен систем е веќе подготвен.
"Овој момент меѓу другото исто како и на почетокот разговаравме за тоа како понатаму ќе оди испораката, ова е вакцина којашто ќе биде наменета за 3000 граѓани, заради тоа што првата вакцина и ревакцина се практично со различен вектор, зема обврска компанијата да за најмногу 3 недели односно нешто порано за да може да се организира и процесот на ревакцинација, стигнати дополнителните 3 од ревакцините, а се разбира во меѓувреме чекаме информации за останатата динамика." - кажа министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Кривична за 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Врховниот суд ги разгледа извештаите за работата на пониските судови
-
Исчезна 14 годишно девојче од Скопје
-
Ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на повеќе театри, предвидени 123 775 000 денари
-
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, најголем дел за Скопје
-
Влада: Усвоена информација за изградба на нови објекти и за реконструкција на постојните објекти во културата и набавка на 120 еколошки автобуси
-
ЕСМ: Од денеска до 5 април минимални редукции на испораката на топлинска енергија во Скопје
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава