Македонија
8. April 2021 - 11:49

Филипче: Следните денови ќе се вакцинираат воспитувачите од градинките

Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците од 1 до 3 одделение во салата Борис Трајковски, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
 
„Вчера и денес треба да се вакцинираат 3000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија. Вакцинацијата следните денови продолжува со воспитувачките од градинките“, напиша Филипче.