Филипче: Се очекува до крајот на неделава да имаме подобра слика за состојбата со Ковид-19
Прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела, но ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат: бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.
– Но, одлуките и препораките ги носиме врз основа на две работи – прво тие бројки кои секојдневно се анализираат и деталната анализа на епидемиолошките анкети од каде учиме кои се податоци што пациентите ги даваат за начинот на трансмисија, меѓутоа и пресеците во претходните две недели секоја последователно, рече Филипче.
Потенцира дека вирусот е тука, тој нема да исчезне, и мора да научиме да живееме со него.
– Новите проекции за одвивањето на епидемијата, епидемиолошката крива во светот се и до 2025 година со прогноза за пикови и во 2022 година, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата пред Секретаријатот за европски прашања по повод испораката на преостанатите осум уреди за механичка вентилација и различни единици на лична заштитна опрема од поддршката на ЕУ за земјава за борба против Ковид-19.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: еден загинат, двајца ранети
-
Две сообраќајки за само 4 часа на влезот во Штип
-
Демири не знае од каде е смрдеата во хируршките сали – нема ни одговорност за крахот на системот
-
Демири се закани дека вработените во болницата во Лешок ќе останат без плата
-
ССМ: За една година трошоците за живот повисоки за 200 евра
-
Земјоделците го блокираа центарот на Струмица, бараат повисоки откупни цени на градинарското производство