Филипче: Предлогот не е идеален, но идеално нема да добиеме
На Фејсбук се огласи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче по однос францускиот предлог.
- Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата.
Ако нешто знам, тоа е дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се анализираат опциите. Емоциите не се добар сојузник, а оние кои ги искривуваат фактите со цел подгревање на емоциите, прават голема штета.
Она што треба да го направиме е да ги „извагаме“ можностите кои сега се на маса и да ги предвидиме следните чекори при секое од можните сценарија. Ова е нужно за да донесеме државничка и одговорна одлука.
Прашањата кои треба да ги одговориме се:
1) Дали во брзо време и догледна иднина можеме да добиеме подобар предлог од овој? На ова прашање немаме одговор, но факт е дека далеку поголеми се шансите да немаме ниту брзо нова можност ниту подобар предлог.
2) Дали со фактот (а тоа е факт) дека како Македонци кои говорат македонски јазик не го исполнуваме клучното ветување кое го дадовме пред себе, да го заштитиме јазикот и идентитетот? Мислам дека одговорот е да. Точно е дека остануваат отворени прашања во делот на историјатак, но во истиот дух и со исти сили ќе ги решаваме во билатералните преговори со Бугарија. Тие нема да бидат услов за нашите преговори.
3) Каква е разликата ако Бугарија реши да не блокира додека преговараме и ако воопшто не почнеме да преговараме и останеме блокирани? Навистина не ја гледам разликата како ќе имаме подобри позиции без почнати преговори, без решен јазик (а тоа е факт, јазикот го решаваме). Кој гарантира, во ваква несигурна состојба во Европа и светот, дека утре ќе имаме подобри услови? Кој знае дали во Бугарија ќе има „поразбрана“ власт која ќе ги прифати сите наши барања?
Слушнавме многу квалификации, пораки, но и небулози од опозицијата. Многу начини како да се блокира решението, но, не и што после блокадата? Кои се алтернативите, колку време и најважно - како планираат тие ова подобро да го решат? Или планот е да останеме на статус кво уште неколку децении?
Предлогот не е идеален, но идеално нема да добиеме. Овој предлог кој е прифатен од сите европски земји е најдобриот кој сме го добиле досега. Имало и други предлог - решенија, но тие не биле прифатени од сите, со тоа и не може да се каже дека се решенија. Затоа, да бидеме мудри и одговорни. - пишува Филипче.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците