Филипче: Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус, пациентката на Инфективна клиника во добра состојба
Пациентката која има коронавирус и е на Клиниката за инфективни болести се чувствува добро и веќе трет четврт ден е без температура. Полека влегува во постабилна фаза од болеста. Нема нови пациенти кои во овој момент се тестираат за коронавирусот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски го посетија граничниот премин Табановце со цел проверка на системот за превенција од коронавирус.
Филипче посочи дека во текот на вчерашниот ден стигнале и контролните резултати од лабораторијата во Германија, со која Министерството соработува, и ги потврдиле досегашните тестови, сите негативни и позитивниот на пациентката, што е обврска и функционира како супервизија на работата на лабараторија во рамки на Институот за јавно здравје.
– Набавката на дополнителна заштитна опрема е во тек. Во текот на вчерашниот ден го потпишавме договорот за дезинфекциските средства и тие веќе од утре ќе бидат дистрибуирани со помош на локалната самоуправа во основните училишта, каде за тоа има потреба, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација