Филипче: Наградувањето на матичните лекари е добра мерка, засега ќе нема задолжително вакцинирање
Финансискиот еднократен надомест од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив ќе им биде даден на крајот на пролетта и почетокот на летото следната година, врз основа на постигнатите резултати, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филпче откако Владата вчера на 112-та седница ја донесе оваа одлука за да се стимулира вакцинирањето во државава.
– Матичните лекари се тие што имаат директен и прв контакт со пациентите и комуникацијата е честа со нив за лекарска услуга, совет итн. И во таа смисла, сметам дека мерката е добро димензионирана и дека реално може да се спроведе. Секако, матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот со вакцинација, рече Филипче, додавајќи дека мерката е значајна и за државата и здравствемиот систем.
Посочи дека некаде најголем број прикрепени пациенти што ги има некој матичен лекар е околу 2500, а просекот е околу илјада, така што, рече, сумата за надомест не треба да се занемари.
– Има различни степени на опфат кај различни матични лекари, кај некои во некои градови дури е веќе постигнат процентот и 70 отсто од прикпрепените пациенти веќе се вакцинирани. Сметам дека ова е мерка на која матичните лекари треба да стават акцент и во интензивна комуникација со пациентите да ја пуштат пораката за важноста на вакцинацијата, рече Филипче по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ.
Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор затоа што заклучиле дека тоа отвора многу сериозни прашања во врска со казнувањето на тие што нема да прифатат вакцинирање, а од друга страна, рече, е и голем финансики товар.
Одредено време ќе се согледува дали ќе помогнат апелите од матични лекари, но, рече министерот, дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите кои ќе ги даваат други земји во периодот што доаѓа.
-Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека е се уште рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинациаја во следниот период со оваа мерка за матичните келари. Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата биде задолжителна, но очигледно се уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари, истакна Филипче.
Во врска со загриженоста на компаниите од затворања доколку меѓу нивните вработени се рашири делта сојот или новиот сој омикрон, Филипче одговори дека не би требало да биде опција рестрикција во движење односно карантин сега кога, како што рече, имаме речиси 50 отсто опфат на вакцинирани.
-Но, не знаеме што може да се случи. Затоа е битно да се зголеми опфатот преку ваков тип апели. Од друга страна, што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат финансискиот товар, а не сакаат да се вакцинираат. Тоа значи дека истите тие компании ќе треба тие работници да ги отпуштат. Затоа се потребни апели, дури и во големи претпријатија работодавците да апелираат нивните вработени да се вакцинираат, додаде Филипче.
На прашање дали делта сојот е влезен во земјава, одговори дека групата материјали селектирани за секвенционирање ќе заврши во петок и резултатите од секвенционирањето на речиси 50 такви брисеви ќе бидат познати идната недела.
Ново на Сител
-
Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но додека тоа не се случи, Скопје мора да ги почитува компромисите
-
Финансиската полиција со кривична пријава против едно лице до ОЈО Радовиш за несовесно работење во службата
-
Полицијата го расчисти случајот со пукањето во Чаир, приведени четири лица
-
Defender на џез авантура – Ексклузивен спонзор на Скопски џез фестивал
-
Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото бебе во Скопје
-
За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово
-
Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури
-
Судир на мопед и електричен тротинет, едно лице повредено