Филипче: МЗ купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија
Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука.
Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум кои се всушност последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија.
Попладнево министерот за здравство д-р Венко Филипче ги посети неговите колеги на Урологија, на тимот предводен од д-р Сашо Дохчев и му посака уште многу успешни операции.
Нашата грижа за пациентите продолжува. Пациентите заслужуваат здравствен систем по европски терк и наша цел е во целост да го спроведеме тоа. - кажа министерот Филипче на неформалната средба.
Ново на Сител
-
Чествување на 11 Октомври во Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината
-
Почна Увидот во запалената зграда во Чаир
-
Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе
-
Земјотрес со епицентар во Демир Капија
-
Честитка од СПМ по повод 11 Октомври - Денот на народното востание
-
Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме
-
За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција
-
Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество