Филипче: Можеби од следниот прес ќе треба да не го подаватe микрофонот еден на друг
Од деветте пациенти со коронавирус шест се во стабилна состојба, а кај тројца е забележано лесно влошување. Тие засега сè уште се без респираторна поддршка. Тројцата се над 65 години, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.
Утрово е јавен еден пациент што на 7 март е дојден од Германија, а утрово качил висока температура. Вчера беше назначена нова директорка на Клиниката за дерматовенерологија, рече Филипче и додаде дека нема знаци на заболување на лекари од оваа клиника.
„Во разговори со одговорни лица од Италија“, рече министерот, „дознавме дека дури по воведувањето ригрозни мерки нема нови случаи. Предлагаме до Владата нови мерки - забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, кафетериите и рестораните до 18 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувалници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните.“
На прашањето дали препораката за скратено работно време до 18 часот важи и за казината и обложувалниците, Филипче рече дека таа важи за сите места каде што има масовно собирање, а што се однесува до полните кафетерии со студенти, тој потсети дека апелираат на јавната свест.
Што се однесува до членовите на семејството на сменетата директорка на Кожната клиника, рече дека тие се во изолација, а епидемиолозите утврдиле дека нема шанси тие да се преносители.
За возачите на цистерните кои возат секојдневно до Солун, Филипче најави дека веројатно ќе се препорача посебна заштита за да не се загрози снабдувањето со нафтени деривати.
Според последните мерки додаде дека можеби новинарите од следната прес-конференција ќе треба да седат поразредено и да не го подаваат микрофонот еден на друг.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот