Филипче: Малите сипаници не загрижуваат, не сакаме да дозволиме да ни се вратат болести кои што се искоренети
Епидемиите кои што ни се јавуваат на мали сипаници многу не загрижуваат, не сакаме да дозволиме да ни се вратат некои болести кои што многу одамна веќе биле искоренети во нашата земја, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Вакцините се многу важни. Епидемиите кои што ни се јавуваат на мали сипаници многу не загрижуваат, не сакаме да дозволиме да ни се вратат некои болести кои што многу одамна веќе биле искоренети во нашата земја. Гледам многу лоши примери околните земји. Покренавме многу кампањи заради тоа што навистина сметаме дека дечињата немаат апсолутно никаков ризик од вакцините, ниту пак може тие да се доведат во врска со било кое пореметување на здравјето. Тоа само едни анти-кампањи кои што се темелат на неточни податоци, изјави Филипче.
Министерот Филипче, на доделувањето на наградите на конкурост за ликовни творби на тема „Чисти раце-Добро здравјe“, на дечињата им укажа на тоа дека одржувањето на хигиената е многу важно и значи добро здравје.
– Рачињата мора постојано да ги миете, заради тоа што фаќаме се со рацете и се лепат бактери и нечистотија, доколку рачињата не се измијат. Тоа преку храната може да се внесе во устат и на тој начин настануваат многу болести и инфекции, ги предупреди присутните деца министерот Филипче.
Конкурсот по повод 15 октомври – Светскиот ден за миење на рацете и ден за подигнување на свеста за чисти раце и грижа за нашето здравје е во организација на Министерство за здравство со поддршка на Министерство за образование и наука, и во него учествуваа повеќе од 500 ученици од I до V одделение од сите oсновни uчилишта во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Регистриран вкупно 31 пожар на отворен простор - Активни седум, два локализирани
-
Европскиот парламент ќе гласа по извештајот на Вајц
-
Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти
-
Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје
-
На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата