Македонија
16. January 2022 - 13:58

Филипче: Извршивме сложена операцијa врз млада пациентка

Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил објави дека успешно е извршена операција врз млада пациентка.

Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, д-р Филипче објави повеќе фотографии, а во објавата напиша:

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот 'рбет, кој ѝ предизвикувал проблем со одењето. На моите колеги што ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката ѝ посакувам што побрзо опоравување“, напиша тој на Фејсбук.