Македонија
27. May 2020 - 20:16

Филипче: Имаме пониска стапка на смртност од коронавирус од Грција и Словенија

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма негираше дека Македонија има највисока стапка на смртност од корона вирус во регионот. Тој вели дека Македонија ги брои и лицата на кои вирусот им бил детектиран постмртно, додека другите земји тоа не го правеле.

-Не е висока стапката на смртност кога се споредува со земјите во регионот. Ние сме земја со пониска стапка на смртност и од Грција и од Словенија. Ние земаме брисеви и постмортум, односно доколку некој бил суспектен, тестираме и тие лица ги внесуваме со статистиката. Голем дел од вкупната бројка на починати се вакви случаи. Другите земји ова не го прават, вели Филипче.