Филипче: Имаме план за вакцини за попишувачите, ДЗС ќе ни достави список
За лицата што ќе бидат ангажирани во спроведување на пописот, има план да се обезбедат приоритетни вакцини. Списокот за нив треба да го направи Државниот завод за статистика и да го достави во Министерството за здравство.
-Направивме план попишувачите да влезат во приоритетните групи. Државниот завод за статистика зеде обврска да прати список за попишувачи кои сакаат да се вакцинираат од тие 5050 кои се веќе пријавени да бидат попишувачи и тој список го очекуваме во текот на денот, изјави министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања.
Додаде дека има простор за нив зашто се работи за важен процес во земјава и оти се потребни две недели за да се развие имунитет.
-Сметам дека е битен процес за земјата, а за одложувањето нека биде тоа политичка одлука. Од стручен аспект гледано треба период од две недели за да се развие имунитет, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Без субвенции од општината јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот