Филипче: Има доволна количина на тестови
Има доволна количина на тестови, близу 1.500 во овој момент, а има најава и за донација од илјада тестови и наша набавка за уште илјада која треба да заврши во текот на оваа недела, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– Имаме информација дека нашата земја може да смета на количина од илјада тестови неделно заради тоа што побарувачката во моментот во сите земји е голема, рече Филипче.
Во однос на тоа дека здравствена установа од внатрешноста се жали на недостиг на заштитни маски и ракавици, Филипче рече дека до него не стигнала ваква информација.
– Редовно комуницираме со сите јавни здравствени установи и тие во рамки на својата организациона поставеност имаат направено реорганизација, рече Филипче, додавајќи дека може да ја проверат која било јавна здравствена установа.
Додаде дека болницата во Дебар со сигурност е опремена, а таму денеска попладне ќе биде испратен и пулмолог од Клиниката за пулмологија. Во однос на тоа дали ќе бидат испратени респиратори во Дебар, Филипче рече дека оценката е оти во овој момент нема потреба болницата во овој град да се опреми со одделение за интензивна нега бидејќи таму нема соодветна експертиза.
– За да постои одделение за интензивна нега со респиратори, треба да има и кадар така што оценката е дека нема потреба болницата во Дебар да се опреми со вакво одделение затоа што нема соодветна експертиза, а може соодветно и подготвена за тоа е Службата за итна помош која може да даде респираторна поддршка до Ифективната клиника во Скопје, рече Филипче.
Уште еднаш нагласи дека многу голем дел на успехот во оваа борба против вирусот е и во рацете на граѓаните кои имаат клучна улога.
Ново на Сител
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар