Филипче: Ексклузивно право да комуницира и да дава препораки за лекување дома има само матичниот лекар
Министерот за здравство Венко Флипче на денешната прес-конференција вели дека сѐ уште се истражува скандалот кој вчера го обзнани Државниот здравствен и санитарен инспекторат дека лекар „фантом“ две недели лекувал пациентка во домашни услови со освежувачи, а таа починала по само неколку часа од хоспитализацијата. Вели дека единствено што засега е познато е дека случајот го пријавил лекар од ГОБ „8-ми Септември“ кој ја примил пациентиката.
Прашан кој смее да лекува во домашни услови, Филипче вели дека таквото ексклузивно право го има само матичниот лекар.
-Ексклузивното право да комуницира и да дава препораки за лекување во домашни услови го има матичниот лекар. Зошто? Поради можноста 24 часа да комуницира со пациентот, да направи проценка на состојбата, да каже дали е за домашно лекување или евентуално да препрати на лекар специјалист и за хоспитализација. Така што, тоа е единственото нешто што е можно и единственото место што системот го препорачува и дозволува, рече Филипче.
Тој апелираше до граѓаните начините на лекување од Ковид да се дискутираат само со матичниот лекар или со лекар специјалист.
-Поради тоа нема еден универзален протокол за лекување. Има протоколи коишто се пратат согласно клиничката слика, манифестацијата и евентуалното присуство на хронични болести. Така што, важно е секогаш да се консултира лекар, или матичен, а по препорака на матичниот и лекар специјалист.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени