Македонија
26. January 2021 - 20:04

Филипче бара 200.000 вакцини од кинески Синофарм

Министерството за здравство преговара со кинески Синофарм за набавка на 200.000 вакцини. До крајот на неделата Филипче очекува конкретен датум за испорака на целата количина како и цена по која ќе ја купат вакцината.

-Се работи за 200 000 вакцини. Овие денови очекуваме детали, вели Венко Филипче, министер за здравство.

И додека минатата недела здравствените власти изјавуваа дека предност ќе имаат вакцини одобрени од Европската агенција за лекови, сега се свртеа и кон далечниот исток чии производи исто така биле безбедни. Причина бројните проблеми што ги имаат европски земји кои не ги добиваат предвидените дози од Фајзер и Астра Зенека а некои најавуваат и тужби.

Побаравме став и од кинеската амбасада од каде велат дека Кина и Северна Македонија имаа блиска соработка во борбата со епидемијата уште по нејзиното појавување минатата година. Кинеската страна обезбеди официјални контакти за македонија оод кинеските компании за вакцини и информираше дека е подготвена да помогне во комуникацијата доколку е потребно.

Пред да добиеме датум за кинеските вакцини, се уште ги чекаме 8000те илјади што ни ги отстапи Србија. Потребни се дозволите од Фајзер за овие дози да стигнат за здравствените работници.

-Разговаравме со Фајзер. Прво ќе стигнат тие од Србија а потоа првата количина што ја договоривеме со производителот, изјави Филипче.

И додека Филипче најавува стотици илјади вакцини, од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност што во Македонија се уште не е стигната ниту една доза а во други земји граѓаните имаат дури право на избор.

-Кај нас се кажува само дека вакцини ќе има по три механизми, но сепак до денес вакцини за КОВИД-19 нема. Ги нема ниту донираните вакцини од Бугарија, ниту донираните од Грција, а дури ниту вакцините од Србија која што ја има, но за која што регулативата на Македонија не бил подготвена целиот овој период.  

Дали некој ќе сноси одговорност за ваквата погрешна стратешка одлука?, вели Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека чекаме кога ќе стигнат првите дози, кинеските власти најавуваат дека ќе ја забрзаат постапката за извоз на своите вакцини.