Филипче: 70 отсто од здравствените работници изразиле интерес за вакцинација
Министерот за здравство Венко Филипче синоќа изјави дека има два механизми за вакцинација и оти близу 70 отсто од здравствените рработници сакаат да се вакцинираат.
-Едниот е системот за здравствените работници за кои има точни и прецизни анкети за интерес за вакцинација. Близу 70 отсто од здравствените работници изразиле интерес за вакцинација и тие ќе бидат први за вакцинација. Понатаму лицата над 70 години. Со мечирање на хроничните болести се прави список за известување кон матичните лекари, понатаму матичните лекари треба да ги известат своите пациенти и да ги прашаат дали сакаат да се вакцинираат и тој податок да се внесе во Мој Термин, рече Филипче во синоќешното телевизиско гостување.
Филипче изјави исто така дека имал средба со претседателката на матичните лекари која, според него, укажала дека има матични лекари кои имаат многу прикрепени пациенти, но и такви кои имаат помалку.
-Сепак искажа подготвеност да им укаже на колегите дека нивната улога во процесот е многу важна, потенцираше Филипче, кој исто така констатираше дека матичните лекари во еден дел имаат и административна работа.
-Тоа беше причина зошто уште на почеток, пред кризата се зголеми капитациониот бод, што е сериозно финансиско зголемување. Почнавме и една реформа која, за жал, запре заради ковид кризата, а со цел матичните лекари да можат да дадат екстра услуги. Целта беше да се вработи евентуално уште еден административен работник, за да матичните лекари целосно и многу повеќе се посветат на своите пациенти, рече Филипче.
На прашањето зошто матичните лакари се вклучени во системот, Филипче рече дека сепак во крајниот повик, треба да се направи разговор со мини анамнеза за моменталната здравствена состојба на пациентот, а тоа мора да биде од страна на матичниот лекар.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор