-->
-->
Филип Талески во Рајн Некар Левен од 2018 година
-->
Германскиот тим Рајн Некар Левен и официјално го потврди трансферот на младиот македонскиот ракометар и член на сениорската репрезентација Филип Талевски.
На својата официјална страница, но и преку социјалните медиуми, германскиот шампион Рајн Некар Левен потврди дека од јуни 2018 година, македонскиот репрезентативец Филип Талески е нивни член.
„Мило ни е што можеме да му посакаме добредојде на Филип Талески во нашиот клуб од 2018 година. Талески е еден од најголемите таленти во европскиот ракомет и среќни сме што не одбра нас“, пишува во соопштението кое го објави германскиот тим.
„Секој млад ракометар сонува да игра во Бундес-лигата, а јас со Рајн Некар Левен не само што ќе го исполнам тој сон, туку ќе играм и во еден од најдобрите клубови во Европа“, стои во изјавата на Талески објавена на веб страната на клубот.
Спортскиот директор на првакот на Германија, Оливер Рогиш потенцира дека клубот доведе еден од најдобрите млади ракометари во Европа и дека Рајн Некар Левен со предвременото негово ангажирање, клубот направи голема работа.
„Воодушевени сме што Филип го одбра Рајн Некар Левен. Тој е голем талент и сака следниот чекор во кариерата да го направи со нашиот клуб“, истакна спортскиот директор, Оливер Рогиш.
Талески потпиша тригодишен договор со РНЛ вaжечки од 2018 година, но не е исклучена можноста и порано да се пресeли во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари